Столтенберг: Откако ќе се реши спорот за името Македонија добива покана за НАТО
Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, останува на ставот дека единствен начин за Македонија да добие покана за членство во алијансата е да го реши спорот со името со соседна Грција, за потоа целосно да се одблокира процесот за зачленување. Овој став, ген-секот на НАТО го потврди за српска „Политика“.
„Многу се радувам што месецов го посетив Скопје. Продолжуваме да ја поддржуваме земјата на патот на нејзиното пристапување кон НАТО и искрено сакаме да успее. Ова е во согласност со одлуката од самитот во Букурешт од 2008 година, што значи дека сојузниците се согласуваат НАТО да испрати покана за членство на Скопје во алијансата по постигнувањето заедничко решение за спорот за името во рамките на Обединетите нации. Неодамна видовме позитивен импулс за ова прашање“, рече Столтенберг.
Тој вели дека Алијансата останува посветена на поддршката на Македонија на нејзиниот пат кон членство во НАТО и сакаме земјата да успее во тоа, додавајќи дека има позитивен импулс за прашањето за името.
