Економија, финансии, бизнис

Контакт

Столтенберг: Ние сме сите побезбедни и сигурни заедно

Столтенберг: Ние сме сите побезбедни и сигурни заедно

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека и посакуваат добредојде на Македонија со подигнување на македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел. 

Рече дека приклучувањето во НАТО е добро за регионалниот мир и стабилност. 

Вели дека Македонија напорно работела, а со Договорот од Преспа се обезбедува иднина и подобри односи со соседите. 

„Ние сме сите побезбедни и сигурни заедно“, рече тој. 

Пред седиштето на НАТО се вее македонското знаме, а беше интонирана и македонската химна.

Слично

Поврзани вести