Економија, финансии, бизнис

Контакт

Столтенберг му честита на Заев: НАТО има интерес во стабилна, демократска и просперитетна земја

Столтенберг му честита на Заев: НАТО има интерес во стабилна, демократска и просперитетна земја

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, преку соопштение истакна дека утринава телефонски разговарал со новоизбраниот македонски премиер,  Зоран Заев на кого му честитал. 

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Столтенберг истакна дека на Заев му порачал дека НАТО има интерес од стабилна Македонија и стабилен Балкан.

„Денеска разговарав со премиерот Заев и му честитав на неговата нова одговорност. Во разговорот, ние се согласивме за важноста на решавањето на итно потребните реформи, вклучително и за добро владеење и владеење на правото. Овие реформи ќе бидат од корист за сите граѓани на БЈР Македонија, а и понатаму ќе ги унапредат евроатлантските аспирации на земјата. НАТО има интерес во стабилна, демократска и просперитетна земја, како дел од стабилен регион на Западен Балкан“- наведува Јенс Столтенберг во соопштението до јавноста.

Генералниот секретар на НАТО порачал дека „како што Скопје ќе прави напредок, така НАТО ќе продолжи да обезбедува поддршка, вклучително и преку својата канцеларија за врски на во главниот град”. 

Слично

Поврзани вести