Економија, финансии, бизнис

Контакт

Столтенберг: Македонија ќе донесе стабилност и поуспешни мисии, Димитров: Ќе ни се придружат и најскептичните

Столтенберг: Македонија ќе донесе стабилност и поуспешни мисии, Димитров: Ќе ни се придружат и најскептичните

Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, денеска на новинарско прашање кој е бенефитот на Алијансата од придружувањето на Македонија како мала земја во развој, по потпишувањето на пристапниот Протокол, тој наведе дека воениот сојуз секако ќе има корист од зачленувањето.

- Новата членка ќе ни донесе стабилност во Југоисточна Европа, а исто така се докажа во мисиите во Авганистан дека е борбено подготвена - рече Столтенберг во одговорот на прашањето.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, присутен на свечениот настан, на заедничката прес-конференција со Столтенберг се надоврза дека е убеден во тоа дека Македонија нема никого да разочара.

- Работиме на одбранбена стратегија со помош на експерти од две земји-сојузнички. Верувајте дека на крајот ќе ни се придружат и оние кои се скептични и против нашето зачленување кога ќе видат колку добар потег сме направиле - наведе шефот на македонската дипломатија.

Слично

Поврзани вести