Економија, финансии, бизнис

Контакт

Столтенберг: Ќе обезбедиме респиратори и друга итно потребна опрема за Македонија

Столтенберг: Ќе обезбедиме респиратори и друга итно потребна опрема за Македонија

Ќе обезбедиме респиратори и друга итно потребна опрема за поддршка на Северна Македонија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. 

Станува збор за 60 респиратори во вредност од 1,4 милони евра. 

Тој одржа прес - конференција заедно со македонскиот премиер Зоран Заев во Брисел. 

Заев се заблагодари за помошта и нагласи дека ова е прва негова посета надвор од земјата откако по втор пат стана премиер. 

Македонскиот премиер рече дека нашата земја и понатаму ќе учествува во мисиите на НАТО. 

Столтенберг вели дека пандемијата ги научила дека и војниците мора да помогнат со цел да се спречи ширењето на вирусот 

Слично

Поврзани вести