Столтенберг испрати писма до Скопје и Атина со поставен рок за Преспанскиот договор
Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, испратил писма до официјано Скопје и официјална Атина со кое бара целиот легислативен процес со Преспанскиот договор да заврши до 15 февруари.
Македонското Собрание се очекува да ги изгласа уставните измени околу 15 јануари, што значи дека потоа се бара рок од еден месец од грчкиот парламент да ја ратификува Спогодбата од Преспа.
Ова според грчки Катимерини е наведено во писмо од Столтенберг порачувајќи дека Алијансата сака најбрз можен процес.
„Постои писмо од Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во кое се повикува на завршување на сите процедури во двете престолнини до 15-ти февруари 2019 година“. – стои во текстот на „Катемирини“.
Извори на весникот вчера потврдија дека иако грчкиот премиер Алексис Ципрас во јавноста се однесува како да не му се брза, тој сепак сака да ги исполни побргу обврските што се очекуваат од него.
Веднаш откако договорот ќе биде ратификуван ќе биде изгласан Протоколот за членство на Македонија во НАТО со што ги демантираше шпекулациите дека тоа би се случило по изборите во Грција.
