Столтенберг месецов доаѓа во Скопје
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе го посети главниот град на 17-ти и 18-ти јануари.
Посетата на Столтенберг во Скопје се совпадна со новата рунда разговори меѓу властите во Скопје и Атина за решавање на спорот за името околу Република Македонија.
Тие ќе бидат предводени од медијаторот Метју Нимиц во Њујорк. Експертите велат дека се очекува "започнување на суштински разговори".
Потсетуваме дека ова ќе биде прва посета на Генералниот секретар на Северноатлантскиот пакт за Република Македонија во последните три години.
Вчера, во Атина, во канцеларијата на премиерот Алексис Ципрас се одржа специјален состанок, каде што единствен момент беше спорот со името .
Слично
