Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стољковиќ за „Политика“: Македонија се врати во деведесетите

Стољковиќ за „Политика“: Македонија се врати во деведесетите

Позицијата на Србите во Македонија во однос на Србите во регионот е понезавидна бидејќи во оваа држава на мала врата се вратија „деведесетите”, пишува Иван Стољковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија во авторскиот текст за српскиот дневен весник „Политика“.

Судбината на српскиот народ во Македонији ќе зависи од нашата досегашна и идна способност да ги одредиме основните начела на националната политика и да воспоставиме национално единство за нејзиното остварување, наведува тој. 

„За жал Македонија, како и во деведесетите години пак станува „сигурна куќа“ за секој антисрпски гест и акција - како и во Загреб и во Тирана, олеснувајќи го на тој начин зацврстувањето на послушната власт која ги извршува преземените обврски кон своите покровители“- пишува Стоиљковиќ. 

Проблемот, според него настана со Тиранската платформа, која „според нас е сериозна поддршка на проектот за „Голема Албанија“, а тоа е и јадрото на антисрпската политика на  Западот на Балканот“.

„Генерално, „тиранската платформа“ нуди систем на решенија кои ќе бидат во интерес само на албанската заедница во Македонија, а на штета на Србите и сите останати, вклучувајќи ја тука и самата држава во која со ова ќе се забрза процесот на развој на паралелни општества“ - пишува лидерот на ДПСМ. 

Крајно време е да ги збиеме редовите, да ставиме точка на импровизациите и да воспоставиме стартешки принципи за одбрана на српскиот народ во регионот, порачува тој. 

Слично

Поврзани вести