Стојковски по извршената контрола: Градежништвото работи на големо и го загадува воздухот
Сретен Стојковски, директорот на Државниот инспекторат за животна средина, по извршената контрола на терен на загадениот воздух на Скопје, одговорноста ја префрли на Градот и на општините, со тврдење дека најголем загадувач во моментов е градежната оператива.
- Голем дел од загадувањето на воздухот доаѓа од греењето на домаќинствата, потоа тука е сообраќајот - гледате колку возила увезени од ЕУ има по нашите улиц, по законот за стари возила, и сега проблемот е тука. Градежништвото работи на големо. Мои очекувања се дека општините и Град Скопје треба да превземат ригорозни мерки во однос на градежните активности, рече Стојковски.

Вонредните контролни мерења што ги направил инспекторатот покажале дека нема надминување на граничните емисии и констатирано е дека фабриките за тоа не се виновни, затоа што „Цементарница била единствена која работи во главниот град“.
Државниот завод за статистика лани како дел од пописот објави податок дека 42.679 станови во Скопје зјаат празни. Тоа е резултатот од речиси дведецениското интензивно градење со максимално искористување на секоја педа градски простор,
