Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стојко Стојков: И Македонците треба да бидат внесени во бугарскиот Устав

Стојко Стојков: И Македонците треба да бидат внесени во бугарскиот Устав

Стојко Стојков од партијата на Македонците во Бугарија, ОМО Илинден Пирин за Фактор вели дека и Македонците треба да бидат внесени во бугарскиот Устав. 

Смета дека тоа треба да го побара македонската Влада, но и здруженијата на Македонците во Бугарија. Како што наведува, во Бугарија има повеќе Македонци отколку Бугари во Македонија. 

„Апсолутно треба. Мислам и дека го кажав тоа во некое интервју последните два месеци. Штом преговорите се водат меѓу двете земји, би требало Македонија да го побара. Ние овде ниту сме регистрирани ниту признаени“, вели Стојков. 

Во Бугарија се почесто се зборува дека треба Бугарите да бидат внесени во македонскиот Устав. 

Тоа се споменува како еден од факторите за надминување на проблемите меѓу двете земји, кој ќе придонесе да се тргне бугарската блокада на европскиот пат. 

Петар Колев од ГДУ за БГНЕС изјави дека тој е Бугарин, живее во Штип, но Бугарите според законите не постојат во земјава. 

Слично

Поврзани вести