Стојко Пауновски: Ќе има внатрешна контрола за концертот на Петар Грашо
Стојко Пауновски, директорот на Државниот пазарен инспекторат, најави интерна истрага за инспекторите кои кои за фамозниот концерт на Петар Грашо запишале дека записникот е предаден десет минути по полноќ, а всушност го направиле во 21 часот и 30 минути, по што си заминале и не биле присутни за време на настанот.
Пауновски за Телевизија 24 вели дека внатрешната контрола ќе утврдува дали инспекторите ја прекршиле процедурата и следствено на тоа дали ќе има одговорност за нив.
Концертот кај Хераклеа се исполни до последно место и влегле околу две илјади луѓе, иако дозволено било присуство на само 600.
Министерот за здравство, Венко Филипче, побара санкции за случајот.
Слично
