Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТОЈАНОВСКИ ДО АРСОВСКА: Eве ви бел лист и напишете, кажете како ќе го решите превозот на 2 септември

СТОЈАНОВСКИ ДО АРСОВСКА: Eве ви бел лист и напишете, кажете како ќе го решите превозот на 2 септември

ВМРО-ДПМНЕ не гласаше ниту за набавка на нови екоавтобуси. 

Советниците на Град Скопје не го поддржаа предлогот на градоначалничката Данела Арсовска за набавка на нови екоавтобуси.

Претседателот на Совет Трајко Славески, рече дека градоначалничката ги потценува сите со тврдењето дека со еден денар може да се набават автобуси. 

Арсовска рече дека место пари за кредит се дозволува да се искористат буџетските средства од градот, а остави можност на советниците да пишат во денари колку пари од Буџетот сакаат да се одделат за оваа намена за да тргне процесот.

Претходно, не беше изгласана ни потребата од Бас рапид транзит системот.

„Во понеделник е втори септември, децата почнуваат со училиште, речиси сите се враќаат на работа и еве ви бел лист и напишете, кажете како ќе го решите превозот на 2 септември затоа што вие овде што го зборувате е за набавка на автобуси. Тоа е за една година од сега“, рече советникот Мартин Стојановски.

Градот е во хаос, а по тој повод претходно градоначалничката беше на средба со премиерот Христијан Мицкоски во Владата. 

Слично

Поврзани вести