Стојановски: Ако има само парцијална одлука јавниот градски превоз ќе биде стопиран и во наредниот период
Стопиран целиот јавен превоз во главнот град. Ниту приватните превозници не сообраќат по скопските улици, поради тоа што и нивните исплати зависат од одлуките на Советот. Како што појасни претседателот на ситндикатот на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), претплатнево сите се собраале пред просториите на град Скопје каде ќе го чекаат исходот од вонредната седница на Советот на град Скопје за исплата на субвенциите на ЈСП, од што зависи дали ќе се нормализира одвивањето на јавниот градски превоз.
Претседателот на Синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски во изјава за медиумите информира дека сообраќањето на нивните автобуси, ќе зависи од одлуката на советниците на Град Скопје.
Тој напомена дека веќе неколку месеци советниците избегнуваат да ја донесат одлуката за исплата на субвенциите за јавниот превоз.
Тој напомена дека нема да се согласат со нецелосна исплата на сумата. Нагласи дека доколку биде донесена одлука за исплата на целосната сума, тогаш автобусите на ЈСП ќе почнат да сообраќаат во попладневните и вечерните часови.
Стојановски соопшти дека и приватните автобуски превозници им се приклучиле и сообраќале до 9 часот, и истакна дека сите заедно учествуваат во овој протест
- Како ќе функционира јавниот превоз и како ќе се однесуваат вработените, ќе зависи од денешната седница на Советот на Град Скопје, каде на четврта седница по ред, не се гласаат субенциите за ЈСП. Затоа се собравме во голем број, за да извршиме притисок врз советниците кои не ја носат одлуката. Ако денеска, седницата заврши онака како што вработените и синдикатите сакаат, односно како што мора да заврши, тогаш вечер, јавниот превоз ќе функционира нормално“, рече претседателот на Синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски.
Тој додаде: „Ако парцијално биде донесена одлука односно одлука месец за месец, што на вработените не им одговара оти се ближат избори кога нема да можат да се носат одлуки, тогаш јавниот градски превоз ќе биде стопиран во наредниот период и нема да се одвива на улиците на Скопје“.
Јавниот градски превоз функционираше нормално од 4.30 до 09.00 часот, по што автобусите на ЈСП Скопје беа повлечени во базите, поради неисплатената плата за минатиот месец.
Пред бараките на град Скопје се околу 400 вработени, како што велат, во знак на револт и да вршат притисок врз советниците на Градот, кои треба да ја изгласаат одлуката.
