Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стојановиќ: отсуството на Игор Спасов не се смета за класично бегство

Стојановиќ: отсуството на Игор Спасов не се смета за класично бегство

Јовица Стојановиќ, директор на Управата за извршување на санкции, појаснува дека осуденикот Игор Спасов на неколку часа го напуштил затворот „Идризово“, по што се вратил самиот, во придружба со друго лице, објави „Фокус“

„Според извештајот кој го имам, чуварите направиле вонредна контрола на полноќ и тогаш утврдиле дека Спасов не е во просторијата. Во 1.40 часот се вратил самиот, во придружба со друго лице“, изјави Стојановиќ за Фокус

Стојановиќ  додава  дека отсуството на Спасов не се смета за класично бегство, бидејќи тој не го прескокнал ѕидот на затворот „Идризово“, туку за оддалечување од затворот, бидејќи просторијата во која бил сместен се наоѓа надвор од ѕидините на затворот.

Претходно претседателот на Синдикатот на затворските чувари и администрација на КПУ „Идризово“, Антонио Стојчевски, во изјава за „Фокус“ демантирал дека  осуденикот Игор Спасов избегал од затворот Идризово, па се вратил назад.

На прашањето кое што тие му го упатиле, од кои причини Спасов е во самица, Стојановиќ  појаснил дека осуденикот се наоѓа таму бидејќи направил инцидент во кругот на затворот, односно го нарушил куќниот ред.

Директорот на Управата за извршување на санкции дополнил дека нема детали за случајот, бидејќи чека информации од инспекторите кои се во затворот.



Извор: „Фокус“

Слично

Поврзани вести