Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стојановиќ: Кумановската група не се јавила во живо во косовската емисија

Стојановиќ: Кумановската група не се јавила во живо во косовската емисија

Јовица Стојановиќ, директорот на Управата за извршување на санкциите, во емисијата „Стадион“ на Канал 77 вели дека „Кумановска група“ од Диво Насење не се јавила директно од затворот „Идризово“, односно во живо на косовската телевизија „Корект Прес“.

Еден од водачите од Диво Насеље, командант Малишева, разговораше со неговиот син., по што јавноста се прашуваше како осуденици за убиство и тероризам од ќелија здружено успеале да се вклучат во ТВ-емисија во соседна држава.

- Според информацијата која ја добив од директорот на КПД Идризово, групата снимката ја направила на мобиен телефон, а потоа истата била монтирана од косовската телевизија и прикажана како затворениците да одат во живо на емисија. Одземен им е мобилниот телефон и ќе следуваат дисциплински постапки, рече Стојановиќ, и додаде дека групата е посебно сместена во две простории во затворот изолирани од преостанатите затвореници.

Вели дека буквално секој вработен во македонските зтавори и притвори, без разлика каква дејност извршува, е потенцијален примач на поткуп, но дека условите за намалување на незадоволството се зголемени.

- Со новиот закон за извршување на санкциите, затворската полиција во просек има 30.000 плата и степенот на ризик е изедначен кај сите и изнесува 30 проценти. Заповедник во затворската полиција има над 50.000 денари нето-плата, раководител на сектор за ресоцијализација има 40.000 денари. Платата не е основ, мотив да се влезе во коруптивни дејанија. Во прашање е интегритетот, смета Стојановиќ.

- Повеќе од 2500 осудени и затворени лица имаше во август 2017, додека сега  1.820 мај со плус 230 притворени лица. Тоа се илјада помалку. Има нешто повеќе од 2.300 легла, што значи дека сега имаме вишок кревети. Не е издржано повеќе тоа дека се продавани кревети, вели директорот на управата.

Тој вели дека во воспитно-поправниот дом во Кичево е вложено 4,1 милион евра, додека во затворот во Битола се инвестирани милион евра европски пари, односно во изминатиот период се вложени повеќе од 10 милиони евра за подобрување на условите за сместување на осудени лица.

- Од 2018 во Идризово има 546 слободни кревети во отворено и полуотворено одделение, соби идентични една на друго, спо четири кревети, со ЛЦД-телевизор со 150 канали кабелска телевизија, како и топла вода на располагање во секој момент и подно греење и ЛЕД-сијалица за читање книги-, вели Стојановиќ. Додава дека неколку притворски одделение низ земјата се затворени затоа што во минатото не ги задоволувале условите, а останати се замо тие во Шуто Оризари, Куманово, Охрид и Гевгелија.

Во склоп на КПУ Издризово со помош на ИПА фондови е изградена најголемата судница кај нас во која ќе се одржуваат судења на лица сместени во установата. Стојановиќ вели дека оваа судница е најубавата во цела Македонија и ќе ги намали трошоците и сообраќајните метежи за спроведување на обвинетите.

Казнено-поправните домови се сметаат како „рај“ за ситната корупција. За македонските затвори сите извештаи за човекови права се исклучително негативни. Може ли со пари и зад решетки да се живее комотно и убаво, а од ќелија да си ги водиш и бизнисите? Дали затворите се вистинска казна само за сиромашните? Какви се условите во нашите затвори? Има ли во нив тортура, насилство, дрога, наркоманија? Зошто во Македонија нема приватни затвори?

Мобилни телефони, посета на затворски лекар или стоматолог, фрижидер се некои од услугите кои затворениците можат да ги добијат во затворот по одредени цени во Македонија со тоа што ќе понудат поткуп кај надзорниците. Од друга страна, висината на платата на затворската полиција, заедно со дополнителните часови и стажот на вработениот во просек може да достигне до 22 000 денари, се споменува како најчеста причина за да се случи корупција.

Серијалот „Парадокс“ викендов продолжи во емисијата „Стадион“ на Канал 77 токму на оваа тема по истражувачката сторија што беше објавена преку неделата.

Свои јавувања во емисијата имаа и новинарот Томислав Кежаровски и директорот на притворот во Шуто Оризари, Есад Рахиќ.

Слично

Поврзани вести