Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТОЈАНОВ СО ЗАКАНА ДО МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА - „Размислете, ќе ви се одземат бугарските пасоши“

СТОЈАНОВ СО ЗАКАНА ДО МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА - „Размислете, ќе ви се одземат бугарските пасоши“

Претседателот на бугарската фондација Македонија Виктор Стојанов им се закани на Македонците од Пустец дека ќе им бидат одземени бугарските пасоши, ако не се попишат како Бугари на пописот кој е во тек во Албанија.

Стојанов во постот на социјална мрежа пишува дека веќе има еден таков случај.

„До сите жители на Пустец, ако не се пишете како етнички Бугари на пописот, ќе ви се одземат пасошите, а ако сте во процедура за пасош ќе биде прекината. Веќе имаме еден таков случај. Помислете, напиша Стојанов.

Ова прашање е многу актуелно во моментов. Многиу бугарски активисти, некои претставници на власта, но и невладини организации, се обидуваат Македонците во таа земја да ги убедат дека се Бугари. 


Слично

Поврзани вести