СТОЈАНОВ СО НОВА ПРОВОКАЦИЈА: Koj ќе смени презиме му нуди 300 евра
Стигна нова провокација од Виктор Стојанов од бугарската фондација „Македонија“.
Стојанов објави повик на Фејсбук во кој бара македонските граѓани да го променат презимето на „ов“ или „ев“ за што ќе добијат 300 евра.
Од Македонците се бара да побараат промена на презимето и да го внесат во изводот на матична книга на родените.
„Кампања за жителите на Северна Македонија со бугарско потекло: Вратете го вашето презиме во Ов/Ев и добијте 300 евра! Контактирајте ја Фондацијата Македонија“, пишува во објавата.
Стојанов веќе е прогласен за персона нон грата во Македонија.
Тој во септември им се закани на Македонците во Албанија дека ќе им ги одземат бугарските пасоши и добро да размислат како ќе се изјаснат на пописот.
Слично
