Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стојанче Ангелов: Вчера е уапсен бранителот Миле од 7 полицајци и осуден на смрт

Стојанче Ангелов: Вчера е уапсен бранителот Миле од 7 полицајци и осуден на смрт

Стојанче Ангелов, лидерот на „Достоинство“, денеска ја информира јавноста дека синоќа бил уапсен познатиот македонски бранител Миле со упад на 7 полицајци во неговиот дом поради издржување на затворска казна од три години поради тоа што не успеал да раздолжи навремено 262 куршуми. Ангелов не го објавува целосниот идентитет на барање на уапсениот.
„Вчера бранителот Миле како да е озлогласен криминалец, со дури 7 полицајци кои му упаднале дома, пред неговата сопруга која го чекала да се врати од војна, е уапсен и спроведен во затвор. Сега таа ќе продолжи да го чека да се врати од затвор.

Како се чувствува бранителот Миле кога утрово се разбудил во затвор на Државата која ја бранел? Само затоа што задоцнил да раздолжи 262 куршуми. Како ќе се чувствува следните 1.095 дена додека оние против кои се борел се шетаат на слобода вршејќи и високи државни функции а тој гние во затвор на Државата која ја бранел? Со 50% воен инвалидитет, со песмејкер на срцето, со пострауматско стресно растројство?

Истовремено знаејќи дека некои наши сограѓани дома чуваат сандаци со муниција, пиштоли, пушки и митралези а можеби и топови. Но тие сограѓани се заштитени со Закон. За разлика од бранителот Миле. Бидејки бранителот Миле е Македонец од еден мал и мирен македонски град во кој граѓаните уредно си ги плаќаат своите даноци и сметки.

Да биде иронијата поголема, постојат повеќе пресуди за вакви и слични дела со многу пониски казни, со условни па дури и со ослободителни казни“, соопшти Ангелов, кој наедно е и директор на Центарот за управување со кризи.
Според Ангелов, со оваа казна, Миле практично е осуден на смрт, а во 2001 учествувал на сите боишта. Тој Апелира до Врховниот суд најбрзо што може да ја разгледа жалбата на бранителот Миле за овој бизарен предмет и да ги земе во предвид сите факти и да донесе праведна пресуда.

„Барам помош и од правната фела, на оние кои сакаат да помогнат дополнително ќе им ги доставиме сите потребни пресуди, жалби и други материјали.

Барам помош и од Министерот за правда но и од сите други политички фактори. И од позицијата, и од опозицијата. Молам помогнете бранителот Миле што поскоро да излезе на слобода. Да не го оставаме да умре во затвор. На целиот криминал низ државата зар до него дојде?

Како сол на рана е фактот дека денот кога Миле е уапсен, булеварот "Втора македонска бригада" во главниот град на Македонија, државата за која се боревме, крваревме и гиневме е преименуван во булевар "Адем Демачи".

Во Македонија во овој сегмент одамна се измешаа работите и се' отиде по ѓаволите. Но малку по малку, еден ден се' може да експлодира!“, додава Ангелов.


Слично

Поврзани вести