Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Стојанче Ангелов се спушта по јаже низ клисура длабока 30 метри

(ВИДЕО) Стојанче Ангелов се спушта по јаже низ клисура длабока 30 метри

Во спасителната вежба „Мрежичко 2021“која се одржа утринава кај кавадаречкото село Мрежичко, активно учествуваше и в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Тој се спушти по јаже низ клисура длабока 30 метри.

-Во знак на восхит на овие млади луѓе и во знак на доверба на нивните вештини и опрема со кои располагаат, ќе се спуштам по јаже низ оваа клисура длабока не повеќе од 30-тина метри, рече Ангелов при неговото активно учество во „Спасителна вежба Мрежичко 2021“ која е дел од активностите на Спелеолошка Федерација на Македонија. 

Спасителна вежба Мрежичко 2021, се однесува на спуштање и извлекување на повредени лица од непристапен терен и индустриски алпинизам. –

Активноста опфаќа користење на техниките на единечно јаже, традиционално користена при спелеолошки активности и спасувања во пештери и нејзина примена во урбана средина. Целта е увежбување на нашиот тим за подготвеност за спасување / извлекување лица од слични објекти (непристапни локации во урбана средина), за што техниките на единечно јаже се најсоодветни, наведуваат од ЦУК.

„Спасителна вежба Мрежичко 2021“ е дел од активностите на Спелеолошка Федерација на Македонија за подобрување на подготвеноста за спасување на лица од непристапни средини.


Слично

Поврзани вести