Стојанче Ангелов: Пожарите настануваат од искрење на жици
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, на денешниот брифинг со медиумите апелираше до граѓаните да пријавуваат кај ЕВН Хоме, дистрибутерот на електрична енергија, искрење на жици доколку тоа го увидат, бидејќи како што вели тој, тоа е една од причините за новонастанатите пожари низ земјата.
„Во тек е изработка на барање до ЕВН со кое што тие треба да ги проверат нивните жици, бидејќи во неколку случаи е утврдено дека пожарот е настанат со искрење на жици на бандери или на делоководи. Доволно е само една искра да падне на земја за да предизвика пожар.
Онаку каде што има такви несигурни жици ние апелираме до граѓаните да пријават. Во текот на вчерашниот ден јас бев на местото на неколку пожари. Во кумановскиот регион имаме сведоци кои што виделе искрење на жици и пожарот во Богословец е запален од искрење на жици. ЕВН да се обидат секаде каде што ќе добијат ваква пријава да превземат мерки“, порача Ангелов.
