Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стојанче Ангелов по летовите над Скопје: Да не бевте вие, 2001-ќе беше многу потешка

Стојанче Ангелов по летовите над Скопје: Да не бевте вие, 2001-ќе беше многу потешка

Фото: 24 Инфо

Стојанче Ангелов, лидерот на „Достоинство“, го поздрави попладневното надлетување над Скопје на групата формирана од девет воздухоплови од кои три хеликоптери Ми-17 – водител на група, два хеликоптера Ми-24, два хеликоптери Bell-206 и два авиони ZLIN-242L.

„По повод “10-ти Јуни - Ден на Воздухопловниот ВИНГ“, денес, во периодот од 12:00 до 13:00 часот ќе се изврши надлетување над градот Скопје со група од 9 воздухоплови.
Почитувани припадници на воздухопловнот винг!
Да не бевте вие 2001-та ќе беше многу потешка за нас, останатите бранители.
Нека ви е честит денот, да ве служи здравје и среќа!“, напиша поранешниот генерал од воениот конфликт.

Со демонстрација на летање од страна на авијацијата на Армијата, како и прелет на авионите Ф-16 кои го изведуваат редовното воздушно патролирање на НАТО над нашата територија кое почна со нашето полноправно членство, а кое го реализира грчкото воено воздухопловство денеска се одбележа 10 Јуни, Денот на воздухопловниот ВИНГ.

Свеченоста се одржува во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, а се обрати и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.


Слично

Поврзани вести