Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стојанче Ангелов: Осудата од Али Ахмети е за поздравување

Стојанче Ангелов: Осудата од Али Ахмети е за поздравување

Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи, ја поздрави осудата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на функционерката Шкодране Дардишта, која се користеше со воинствена реторика по изгледите дека нејзината партија по подолго време има изгледи да биде опозиција.

- Вчерашната реакција на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, е за поздрав, откако ја осуди изјавата на Шкодране, која е распалувачка и повикувачка на војна, рече Ангелов на денешната прес-конференција по повод годишнината од неговото стапување на функција.

Лидерот на „Достоинство“ ја искритикува Дардишта дека за таа „огромна плата во Телеком“ не треба да го растура проектот „Едно општество за сите“, во кое верува, како што вели тој, дури и ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети ја осуди изјавата на Шкодране Дардишта, која на нејзиниот фејсбук-профил повика на војна. „ДУИ во каузата ја има слободата и таквите изјави не се во интерес на партијата и на каузата“, изјави Ахмети.


Слично

Поврзани вести