Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТОЈАНЧЕ AНГЕЛОВ: И сакам и не сакам да останам директор на ЦУК

СТОЈАНЧЕ AНГЕЛОВ: И сакам и не сакам да останам директор на ЦУК

Кај мене постои амбивалентен став, јас и сакам да останам, но и не сакам да останам, вели директорот на Центарот за управување со кризи(ЦУК), Стојанче Ангелов во интервју за Слободен печат. 

Вели дека кога би заминал од оваа позиција ќе се ослободи од еден голем товар.

„Институцијата и без мене ќе продолжи да работи добро, бидејќи сега е во залет и мислам дека ќе може кој било да ја менаџира, управува. Сепак имам незавршени работи, а тоа е реформата на кризниот менаџмент затоа што и во претходната влада предводена од СДСМ имав целосно одврзани раце и во делот на ЦУК и никогаш не сум се пожалил како директор на ЦУК. Имав поддршка онолку колку што требаше и затоа и ги имав овие успеси од менаџерски аспект, благодарение и на вработените, но потребна е една целокупна реформа на целиот систем за управување со кризи или како што попрецизно зборува новиот премиер, потребна е целосна трансформација на системот за управување со кризи, но и на инциденти, на итни ситуации“, вели Ангелов. 

Додаде дека тие работат при итни состојби и временски непогоди. 

Слично

Поврзани вести