Стојанче Ангелов доби нова функција
Стојанче Ангелов стана национален координатор за прашања поврзани со здружението на бранители.
Владата денеска на седница го именува Aнгелов на оваа функција.
Тој е поранешен полициски генерал и претседател на партијата Достоинство, а најави дека ќе го напушти МВР поради политички ангажман во иднина. Ангелов преку статус објавен на Фејсбук на почетокот на месецов му се заблагодари на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за укажаната доверба и соработка во изминатата година.
„Бидејки Законот за полиција им забранува на полициските службници да раководат со политичка партија, во договор со раководството на Достоинство одлучив да излезам надвор од МВР и мојата професионална кариера да ја продолжам на друго работно место кое нема да биде во судир со мојот планиран политички ангажман. Му благодарам на министерот Оливер Спасовски за укажаната доверба и соработка во изминатата една година“- напиша тогаш Ангелов.
На почетокот на месецов, Ангелов беше ангажиран како советник за безбедносни прашања во Македонска навигација (М-НАВ).