СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ: Да бев пратеник немаше да гласам
Генералот Стојанче Ангелов на Фејсбук напиша дека доколку тој беше пратеник немаше да гласа за Законот за употреба на јазиците.
„Да бев пратеник немаше да гласам. Но не станав пратеник затоа што вие не гласавте за мене. Сепак! Да не се претерува со црни сценарија. Македонија преживеала 500 години турско. Ќе го преживее и ова. Патем, Турците станаа наши најголеми и најискрени пријатели. МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА. ЗА СИТЕ НАС КОИ ОСТАНАВМЕ ДА ЖИВЕЕМЕ ВО НЕА“ - напиша Ангелов на Фејсбук.

Лавина реакции од повеќе јавни личности и партии има откако денеска беше изгласан Законот за употреба на јазиците.
Слично
