Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стојанче Ангелов: Бел ден немам видено, но би останал директор на ЦУК

Стојанче Ангелов: Бел ден немам видено, но би останал директор на ЦУК

Стојанче Ангелов, лидерот на „Достоинство“, во емисијата КликПлус на ТВ21 рече дека нема ништо побарано како нов коалиционен партнер од ВМРО-ДПМНЕ, но дека би останал на директорското место во Центарот за управување со кризи доколку тоа го сака партијата предводена од Христијан Мицкоски.

„Од ВМРО-ДПМНЕ не побарав ништо. Ниту министерско место, ниту директорско место. Имам разбирање за мандатарот дека му е тешка и дека ова формирање на коалиција е тешка работа. Ако сакаат да останам во ЦУК, јас би прифатил, но под услов ако се реформира“

Актуелниот директор на ЦУК, Стојанче Ангелов одговори дали повторно би прифатил да биде раководител на оваа институција, иако нема видено одмор.

„Во овој момент имам измешани емоции за ЦУК. Немам видено бел ден, затоа што директно ме бараат луѓето. Најголем број на итните случаи се случуваат викенди, поплавите се случуваат попладне. Но, морам да признаам дека е предизвик. Реков дека би прифатил да работам во ЦУК, само ако се реформира“, изјави Ангелов.


Слично

Поврзани вести