Стојанче Ангелов: Алтернатива ќе добие нешто повеќе од Беса
Стојанче Ангелов, коалициониот партнер во власта со неговата партија „Достоинство“, претпладнево во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 рече дека очекува Алтернатива со влезот во Владата да ги превзеде позициите на Беса и да добие, како што вели тој, нешто повеќе.
За поразот на владеачката коалиција на локалните избори, директорот на Центарот за управување со кризи наведе дека погрешен бил пристапот во кампањата, но и дека некои претходни градоначалници потфрлиле во одредени сегменти.
- Контејнерите на Аеродром и Скопје беа полни со ѓубре, јас самиот фотографирав. Ако кај мене тоа предизвикува револт, може да замислите како реагирале граѓаните, подвлече Ангелов.
Слично
