Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стојан Андов, првиот претседател на Собранието, дома го прими орденот „8-ми Септември“

Стојан Андов, првиот претседател на Собранието, дома го прими орденот „8-ми Септември“

Претседателот Стево Пендаровски по повод 30-годишнината од независноста на Македонија му го врачи орденот „8-ми Септември“ на првиот претседател на македонското Собрание, Стојан Андов.

Тој беше одликуван во неговиот дом поради пандемијата, но и поради самата возраст на поранешниот искусен политичар. Орден им е доделен и на пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година.

– Пратениците од првиот состав со едногласна одлука, визионерски се определија за членство на нашата земја и во НАТО и во Европската Унија. Со тоа не само што ги поставија основите за изградба на нов правен, политички и економски систем, туку го започнаа и процесот на демократска консолидација на младата држава. Најголемиот дел од овие одлуки беа носени со ентузијазам и единство за какво денес, за жал, можеме само да сонуваме, рече претседателот Пендаровски во своето денешно обраќање.

Според него, овој голем јубилеј со кој денес се гордееме сите, посебно им припаѓа ним и на пратениците кои повеќе не се меѓу нас.

– Многу повеќе од многумина други, вие сте заслужни за тоа што имаме независна држава. Денес сме тука собрани, во името на сите македонски граѓани, да ја изразиме нашата искрена и длабока благодарност и почит кон вас, рече Пендаровски.


Слично

Поврзани вести