Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТОЈАН АНДОВ: Безнадежна е оваа позиција на ЕУ, таква толеранција кон Бугарите е против основата на постоење на Унијата

СТОЈАН АНДОВ: Безнадежна е оваа позиција на ЕУ, таква толеранција кон Бугарите е против основата на постоење на Унијата

Никој од Владата во овој период не треба да оди на разговори во Софија, туку да се почека таму да поминат изборите на 11 јули. Ова за Канал 5 го кажа Стојан Андов, поранешен претседател на Собранието. 

„Сега бугарските политичри се окупирани со изборите, и сите заедно, било кој од нив, сигурно се убедени дека ако седнат да разговараат искрено и отворено како што личи, тогаш ќе изгубат на изборите. Нив сега им е основно како да дојдат до власта. Освен ова прашање околу Македонија, нема некое друго прашање кое тие можат да се надеваат дека ќе им помогне на изборите. Во сите тие политичари граѓаните се сомневаат за криминал“, вели Андов.

Овој искусен хроничар на настаните нема многу надеж од словенечкото претседателство, а гледа вина и во самата ЕУ што не успева да ги спречи Бугарите да не блокираат.

„На еден народ да му се одрекува да има право на свој јазик и да се тврди дека тој бил варијанта на бугарскиот јазик, тоа се невозможни работи во светот. Безнадежна е оваа позиција на ЕУ. Таква толеранција кон Бугарите да не се во состојба да им објаснат, тоа е против основата на постоење на ЕУ. И затоа сега на секој претседавач му требаше активност па овој од Португалија измисли предлог. Сигурно имале најдобра намера нешто да направат, ама што ќе направат тие со Бугарите“, вели Андов.

Тој вели да не се прифаќаат бугарските барања по ниедна цена, туку се енергично да се одбие. 

Слично

Поврзани вести