СТОИЛОВ: Овој тим на Вардар има карактер
Ракометарите на Вардар и целиот тим ја слави победата над Барселона. Се радува и цела држава. „Црвено-црните“ иако во првото полувреме губеа со седум гола разлика успејаа да се соземат и со одлична игра направија пресврт за на крај да победат и влезат во финалето на Ф4 Лигата на шампионите.
Капитенот Стојанче Стоилов по завршувањето на натпреварот изјави дека овој тим на Вардар има каратер.
„Ова го кажувам оваа година и години наназад, овој тим има карактер. Тоа е основа на се што овде правиме. Се што правиме оваа година е нереално. Тргна како лош филм, се надевам ќе победиме и да биде како Холивуд“, истакна Столе кој потоа даде коментар и за утрешното финале.
Стоилов рече дека целата екипа ќе даде се од себе во денешното финале.
Инаку, граѓани од Скопје веднаш по победата на Вардар над Барселона излегоа со своите автомобили да слават по улиците, а следеа и победнички огномети.
