Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стоилов напушти спортска манифестација затоа што била двојазична

Стоилов напушти спортска манифестација затоа што била двојазична

Македонскиот ракометен репрезентативец демонстративно ја напушти синоќешната манифестација „Спортист на годината“, која инаку за прв пат се одржуваше двојазично - на македонски иа албански.

Kапитенот на Вардар присуствувал како минатогодишен победник на изборот но предвреме станал и го напуштил настанот организиран од Агенцијата за млади и спорт.

Медиуми неофицијално известуваат дека пикерот се пожалил на двојазичноста во вибер-групата што ја имаат македонските ракометни репрезентативци кои имаат собир во истиот хотел каде што се организираше манифестацијата.

Спортистите-етнички Албанци како добитниците на наградите на присутните им се обраќаа и на албански јазик, а тоа не му се допаднало на Стојанче Стоилов кој реши пред време да си замине.


Слично

Поврзани вести