Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стоилковски: Што бара службено возило на МВР во кампот Евридики?

Стоилковски: Што бара службено возило на МВР во кампот Евридики?

Oд ВМРО-ДПМНЕ велат дека МВР три дена молчи и не одговара што бара нивно службено возило во кампот Евридики во соседна Грција. 

Прашуваат кој издал налог и што барал полициски службеник со службен џип во кампот? Бараат одговор кого превезувал во џипот, и чии се кесите од „Лидл“ кои што се гледаат во багажниот простор?

„Срамно е МВР да не знае три дена што се случувало со службеното возило и преку соопштенија да ја манипулира јавноста. Дали сакаат да нѐ убедат дека службената делегација на МВР предводена од ќерка на висок функционер и нејзини другарки со службен возач била испратена во кампот Евридики да полагаат свежо цвеќе за Илинден? Да не беше трагично ќе беше смешно како Оливер Спасовски и СДСМ се обидуваат да го покријат расипничкото однесување. Еве малку да им помогнеме. Постојат само три вакви џипа во МВР и точно се знае кој ги должи. Џиповите се дел од поголема донација на Европската унија и требаше да бидат наменети за граничната полиција и поефикасно справување со илегалната миграција. Тука се поставува прашањето, кога СДСМ и нивните функционери вака се однесуваат со донациите на ЕУ за кои што нашите меѓународни партнери водат сметка како се употребуваат, што ли прават со парите на граѓаните. Ова не е ништо друго, туку бескрупулозна злоупотреба на државните ресурси за задоволување на хедонистичките потреби на функционерите на СДСМ и на нивните семејства!“ - вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Додаваат дека за ова мора да се понесе одговорност и вакво расипништво е недозволиво. 

Слично

Поврзани вести