Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТОИЛКОВИЌ ЗА МУЗЕЈОТ НА УЧК ВО СОПОТ: Станува збор за реализација на агенда која на сите им е јасна

СТОИЛКОВИЌ ЗА МУЗЕЈОТ НА УЧК ВО СОПОТ:  Станува збор за реализација на агенда која на сите им е јасна

Пречесто се споменува „Голема Албанија“ за да биде случајно, но Западот молчи, вели претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник во Собранието, Иван Стоилковиќ. 

Тој по повод отворањето на музејот на УЧК во селото Сопот во Општина Куманово, вели дека се плаши дека овој настан ќе ја отвори Пандорината кутија на национализмот. Смета дека ќе бидеме сведоци на вакви немили настани. 

„Третата работа што паѓа во очи е реториката што беше присутна. Лидерот на албанската партија во Македонија, Демократската унија за интеграција, рече дека решиле да бидат господари на Македонија. Таа реторика дека си решил да бидеш нечиј господар не е од чист мир. Станува збор за реализација на агенда која на сите им е јасна и сите знаат за што се работи, но никој не сака јавно да зборува за тоа. Конечно, што се однесува до Македонија, овие настани се поврзуваат со настапот на еден од водечките албански идеолози во Македонија, кој пред некој ден направи голем инцидент на државна телевизија. Станува збор за човек кој е соработник на Владата за евроатлантските вредности, а кој инаку ја промовираше идејата за обединување на Албанија, Македонија и Косово. Тоа само значи дека Владата го загубила и компасот покрај неспособноста да ги реши сите општествени проблеми“, изјави Стоилковиќ за српските медиуми.

Вели дека не е ништо ново или неочекувано, туку едноставно е загрижувачки што меѓународната заедница упорно молчи за сите овие настани.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети на отворањето на Музејот во Сопот кажа дека тие се господари на Македонија. Ахмети кажа дека благодарение на прагматизмот што го избрале денес, албанскиот јазик и албанското знаме се официјални и неприкосновени во оваа земја.

фото Фејсбук/Иван Стоилковиќ

Слично

Поврзани вести