Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стоилковиќ постави македонско знаме пред Министерството за политички систем

Стоилковиќ постави македонско знаме пред Министерството за политички систем

Министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ објави дека пред Министерството за политички систем за прв пат е поставено македонското знаме.

Пред Министерството, со кое раководеше поранешниот прв вицепремиер од редовите на ДУИ Артан Груби, од неговото формирање до денес немаше истакнат симбол на Македонија.

Вицепремиерот Стоиљковиќ ја објави фотографијата и дописот до службите со кој бара да се постави знаме и јарбол пред влезот на објектот на улица Филип Втори Македонски во центарот на Скопје.

Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, како што пренесува Канал 5, е категоричен дека за прв пат пред оваа институција е поставено знамето на Македонија откако беше изградена како дел од проектот „Скопје 2014“.


Слично

Поврзани вести