Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стоиљковиќ вели дека неколку пратеници од владејачкото мнозинство нема да гласаат за уставни измени

Стоиљковиќ вели дека неколку пратеници од владејачкото мнозинство нема да гласаат за уставни измени

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со сигурност нема да гласаат за уставни измени, а има и неколку пратеника од владејачкото мнозинство што нема да гласаат, вели  Иван Стоилковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

„Какви 80 пратеника, па неколку од нив нема ниту да гласаат. Она што можам со сигурност пред македонската јавност да кажам дека има сериозна кохезија во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ постои по ова прашање за уставни измени. И нема теоретски шанси ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да гласа за уставни измени. Дури можам да ви кажам дека има неколку пратеника од другата страна кои нема да поддржат уставни промени“, рече Стоилковиќ.

Бугарскиот претседател Румен Радев се заканува со вето, ако Бугарите не влезат во Уставот. На оваа закана, македонскиот премиер Димитар Ковачевски рече дека Македонија преговара со ЕУ, а не со Бугарија. Радев за ова му се жалел на францускиот колега Емануел Макрон. 

Слично

Поврзани вести