Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТОИЉКОВИЌ НЕ КРИЕ ДЕКА Е ПУТИНИСТ: Зошто не прашувате за средбата на Талат Џафери со луѓето на Кадиров?

СТОИЉКОВИЌ НЕ КРИЕ ДЕКА Е ПУТИНИСТ: Зошто не прашувате за средбата на Талат Џафери со луѓето на Кадиров?

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ не гледа ништо спорно во однос на неговите политички убедувања со оглед дека своето работење целосно го усогласил со програмските определби на владата. 

Toj во „Вести плус“ на ТВ Канал 5 не ги демантира забелешките на политичките опоненти и на дел од јавноста дека е путинист, туку правејќи аналогија со поранешниот технички премиер Талат Џафери, со доза на сарказам, рече дека токму средбите на Џафери со луѓе на Рамазан Кадиров му помогнале да ја заземе челната позиција во Владата.

„Не е спорно ништо. Кога тие телевизии ја водеа таа кампања и ме прашуваа за што вие ме прашувате (дали сум путинист, н.з.) јас им одговорив – зошто не прашувате за средбата на Талат Џафери со луѓето на Кадиров? Како му тргна после средбата со нив, тој стана претседател на Владата. Си велам, којзнае, можеби и мене ќе ми тргне. Тие ја спуштија камерата и не сакаа ништо да објават од тој разговор. Така што, луѓето може да шпекулираат, меѓутоа јас сум член на Владата, ја прифатив во потполност програмата на владата на премиерот Мицкоски и се однесувам согласно програмата изложена во Собранието“, рече Стоиљковиќ.

На новинарската забелешка дека не е наивно во влада на земја членка на НАТО да има човек со путинистичко убедување, Стоиљковиќ одговори во истиот стил.

Слично

Поврзани вести