Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стоиљковиќ: Не дозволив да не стават на страната на оние кои му направиле зло на народот

Стоиљковиќ: Не дозволив да не стават на страната на оние кои му направиле зло на народот

Претседателот на Демократската партија на Србите, Иван Стоиљковиќ на Фејсбук пишува дека после гласањето се чуствува мирно и спокојно, затоа што со своето гласање го искажал не само неговиот однос туку и односот на поголемиот дел од припадниците на српскиот народ кон државата во која се родиле, школувале, работат и живеат. 

„Лично, се чуствувам достоинствено и гордо затоа не само што не ја продадов, буквално, душата на ѓаволот, туку и што не дозволив, мене и мојот народ да не стават на страната на оние кои му направиле зло на народот со кој заедно живееме. Припадниците на српскиот народ се чесни и достоинствени луѓе, би било наивно и неодговорно да давам дополнителни совети за нивната сегашна и идна положба, бидејки политиката е вештината на можното. Да продолжиме со нашата работа…“, напиша тој на Фејсбук.


Синоќа на поединечно изјаснување се виде кој како гласал на седницата за уставни измени. 
Слично

Поврзани вести