Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стоиљковиќ ќе го тужи Филипче: Срамот што ќе го плати на суд, до последен денар ќе го донирам во Психијатриската болница во Бардовци

Стоиљковиќ ќе го тужи Филипче: Срамот што ќе го плати на суд, до последен денар ќе го донирам во Психијатриската болница во Бардовци

Потпретседателот на владата Иван Стоиљковиќ поднесува тужба против првиот човек на СДСМ, Венко Филипче во врска со неговите обвинувања дека работи за српската тајна служба и дека е во дослух со рускиот претседател Владимир Путин.

Вели дека нема да бара демант или извинување. 

„Глупаво е да очекуваш пристојност и разум од лик подготвен да гази по сопствениот образ за пет минути евтин аплауз на партиски прес-конференции и сто лајкови на социјалните мрежи. Сепак, неговиот очај за внимание на крајот ќе излезе корисен. Срамот што ќе го плати на суд, до последен денар ќе го донирам таму каде што примарната дејност е токму третирањето на вакви акутни состојби на умот – во Психијатриската болница во Бардовци. Како симболичен придонес за институцијата која, за жал, овој пат не успеала навреме да превенира”, објавува Стоиљковиќ.


Од СДСМ ја обвинуваа власта за врски со Русија. 

фото Фејсбук Иван Стоиљковиќ

Слично

Поврзани вести