Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТОИЉКОВИЌ ДОСТАВИЛ ИЗВЕШТАЈ ДО ПОЛИЦИЈАТА: Имало упад во системот за снимање во Министерството за односи меѓу заедниците

СТОИЉКОВИЌ ДОСТАВИЛ ИЗВЕШТАЈ ДО ПОЛИЦИЈАТА: Имало упад во системот за снимање во Министерството за односи меѓу заедниците

Министерот Иван Стоиљковиќ доставил извештај до полицијата за упадот во системот за снимање во Министерството за односи меѓу заедниците.

Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците доставил извештај до Управата за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, од далечинското следење на видео-надзорот во Министерството, кој го поставил неговиот претходник Артан Груби.

Стоиљковиќ во гостување на „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, посочи дека по направена проверка во Министерството, не можело да се утврди кој е надлежен, ниту кој го контролира видео-надзорот.

Додаде дека фирмата „Мак аларм“ извршила увид во Министерството, по што доставила извештај во кој се наведува дека е овозможен пристап за далечинско следење на уредите за снимање.

Слично

Поврзани вести