Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стоиљковиќ до Заев: Jа впрегнувате Македонија во отворено непријателство кон српскиот народ и Србија

Стоиљковиќ до Заев: Jа впрегнувате Македонија во отворено непријателство кон српскиот народ и Србија

Пратеникот Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите во Македонија прашува чии интереси брани премиерот, Зоран Заев. 

Ова следи по изјавата на косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај дека во Хрватска, Македонија и Црна Гора разговарал за основање на пакт против Србија. 

Стоилковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија преку својот Фејсбук-профил упати отворено прашање до македонскиот премиер - зошто ја впрегнува Македонија во отворено непријателство со српскиот народ и Србија.

„Бидејќи никој нема храброст да го праша претседателот на Владата за неговата политика и ставот на неговиот владин кабинет во однос на најавеното учество на Македонија во создавање на 'пактот против Србија', еве јавно го повикувам да одговори и да ја информира македонската јавност во однос на ова многу едноставно прашање: На чија страна сте Вие господине Заев и чии интереси браните и застапувате? На Република Македонија или на големоалбанскиот шовинизам? Дали застапувате регионална соработка и стабилност или по теркот на фашистичкото минато ја впрегнувате Македонија во отворено непријателство кон српскиот народ и Србија“, напиша Стоилковиќ.

Енвер Хоџај во изјава за хрватскиот дневен весник „Вечерњи лист" вели дека во Хрватска, Македонија и Црна Гора разговарал за основање на пакт против Србија.

Тој вели дека идејата за Голема Србија сѐ уште е жива и секогаш е присутна во воздухот.

Слично

Поврзани вести