Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стоев го уверил Османи дека Бугарија ќе обезбеди целосна помош во истрагата за автобусот

Стоев го уверил Османи дека Бугарија ќе обезбеди целосна помош во истрагата за автобусот

Министерот за надворешни работи Светлан Стоев телефонски разговараше со својот колега од Република Северна Македонија Бујар Османи, кој е на пат за Бугарија во врска со тешката автобуска несреќа од Република Северна Македонија на автопатот Струма, јави Бгнес.

Министерот Стоев изрази искрено сочувство до роднините на загинатите во овој трагичен инцидент, како и надеж за брзо закрепнување на жртвите. 

Бугарскиот министер за надворешни работи го увери својот колега од Република Северна Македонија дека Бугарија ќе обезбеди целосна помош во истрагата на сообраќајната несреќа, како и во пружањето помош на повредените во несреќата.

Двајцата се договориле да се сретнат во болницата Пирогов каде се сместени повредените во сообраќајката.

Извор: БГНЕС

Слично

Поврзани вести