Стоев: Бугарија прва ја призна независноста на Македонија и секогаш е тука да помогне
Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев упати честитки по повод 8 Септември, потсети дека неговата земја прва ја признала независноста на Македонија.
Искажаната бугарска поддршка за стремежите на младата држава беше природен и искрен чекор, што доаѓал од јавното мислење и како доказ има историско значење, рече техничкиот министер во своето обраќање.
-Во последните 30 години, поддршката на Бугарија не беше ништо повеќе освен несебичен чин на пријателство и силна верба во заедничка европска и евроатлантска иднина. Секогаш кога Република Северна Македонија се соочува со сериозни проблеми, Бугарија е подготвена да помогне, без оглед на сопствените предизвици, рече бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев во обраќањето испратено до министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи.
Тој потсети на големите очекувања од раните 1990-тина Бугарите дека политичките промени во новопризнаената држава ќе донесат можност за надминување на вештачките поделби наметнати на луѓето од двете страни на границата.
-Долгоочекуваниот пад на „ѕидот“ меѓу нас се покажа како долг и болен процес. Неговото целосно уништување се уште бара силна политичка волја и храброст за искоренување на негативните перцепции и стереотипи, додаде Стоев.
