Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сточарите одлучни - Ќе има масовни протести ако нема субвенции

Сточарите одлучни - Ќе има масовни протести ако нема субвенции

Сточарите од повеќе региони на Македонија на состанокот кој го одржаа во Велес по иницијатива на Љупче Станковски, претседателот на здружението Агрофаланга, ги искажаа своите проблеми и побараа итно решавање на кризата во која западнаа по Велигденските празници. Меѓу главните заклучоци се дека ако властите не им ги исполнат барањата ќе организираат масовни протести. 

На средбата беше искажан ставот на сите дека монопол постои веќе подолго време кој ја урива цената на јагнешкото и телешкото месо, а со тоа сточарите ги става пред колапс. Дополнителен проблем прави и ненавремената исплата на субвенциите, со што сточарите не можат да ги покријат ниту основните трошоци во производството.

Ова се заклучоците кои тие ги донесоа:

1. Организирање на сточарите во одбрана на својот со мака сработен труд;

– Форми и модуси на делување ќе бидат јакнење на здруженијата и запознавање на сточарите со целите на овие состаноци;
– Барање за донесување на закони кои ќе доведат до либерализација на откупот и конкурентност на пазарот на стока во Македонија и уништување на монополот кој е воспоставен на криминален начин. Доколку ова не се спроведе во најкус можен рок ќе се организираат протести и блокади на патишта и започнување на граѓанска непослушност кон институциите на РМ;

2. Сточарите беа едногласни за организирање на протести и блокади на патиштата доколку не се исплатат субвенциите кои им се итно потребни најдоцна до 15 Мај;

3. Изготвување на план и стратегија за промоција на нашите домашни производи, зголемување на потрошувачката на домашните производи по пат на реклама и формирање на заинтересирана група на граѓани-потрошувачи на овие производи.

Автор: Христијан Станоевиќ


Слично

Поврзани вести