Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сто новинари од Македонија ќе се вакцинираат во Врање: Посредувал кабинетот на Вучиќ, пријавување во МАН

Сто новинари од Македонија ќе се вакцинираат во Врање: Посредувал кабинетот на Вучиќ, пријавување во МАН

Македонската асоцијација на новинари (МАН) денеска ги повика медиумските работници кои сакаат да се вакцинираат за заштита од вирусот Ковид-19, преку своите матични редакции да достават листи на лица кои сакаат да се вакцинираат. Информираа дека на барање на МАН во соработка со сестринското Здружение на новинари на Република Србија преку кабинетот на Претседателот на Србија, обезбедиле вакцини АстраЗенека за вкупно 100 медиумски работници кои ќе се пријават за вакцинација.

Терминот за вакцинација е во 12.00 часот во вторник, 23 март 2021 година во Врање.

„Ќе се вакцинираат единствено лица кои ќе бидат официјално ќе се пријават до МАН.

Вакцините и ревакцините за 100 медиумски работници се бесплатни.

МАН организираше и автобуски транспорт од Скопје до Врање и назад во вторник, 23 март 2021 година, стои во соопштението.

Пријавувањето е на официјалниот емаил:man.makedonija@gmail.com,


Слично

Поврзани вести