Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТО МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ ЗАМИНУВААТ ВО СЛОВЕНИЈА - ќе помагаат во санирање на последиците од поплавите

СТО МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ ЗАМИНУВААТ ВО СЛОВЕНИЈА - ќе помагаат во санирање на последиците од поплавите

Владата на денешната седница донела одлука за испраќање на припадници на нашата Армија за учество во хуманитарна операција во Република Словенија.

„Согласно одлуката, се испраќаат 100 припадници на Армијата, кои ќе помогнат во санирањето на последиците од поплавите кои ја погодија Република Словенија, а согласно барањето проследено од страна на NATO EADRCC, доставено од страна на Република Словенија.

Припадниците на Армијата се испраќаат за период од 30 дена за учество во давање помош на Република Словенија.

Република Северна Македонија, како и досега, продолжува да се става на располагање и солидарно учествува во разни хуманитарни мисии и акции во погодени подрачја од природни непогоди и катастрофи“, се вели во владиното соопштение.

Фото: Фејсбук

Слично

Поврзани вести