Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стипендии: Кој се добивал пари за студии и кога

Стипендии: Кој се добивал пари за студии и кога

Јавноста бурно реагираше откако беше обелоденето дека ќерката на Никола Димитров, Јана, добила стипендија од Министерсвото за образование за школување на универзтитет во Утрехт, Холандија. Институциите демантираа дека има злоупотреба, а Јана ги добила парите во законска процедура. Право на стипендија имаат сите студенти кои ќе ги исполнат условите и досега тоа право го искористиле повеќе од 200 студенти. Станува збор за програма на која аплицираат студенти кои успеале да се запишат на еден од 100 најдобри универзитети според Шангајската листа, а почна да се спроведува од претходната власт.

На листите студенти кои се одбрани, а кои добиле стипендија има и некои кои се познати во јавноста. Медиумите пишуваа пред повеќе од две години за Маре Ушковска. Таа во 2014 година доби стипендија за да студира државна политика на Универзитетскиот колеџ Лондон. Ушковска е ќерка на поранешниот претседател на Судскиот совет, Бранко Ушковски. Во тоа време таа даваше изјави како потпретседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ. Ушковска ги завршила постидпломските студии во Лондон, но во 2016 година беше избрана и за промотор во Единбург, Шкотска. Тоа се случило веднаш по назначувањето на татко и, иако од Агенцијата за странски инвестиции тврдеа дека ги исполнила сите услови од огласот за да биде примена.


Стпендија добил Јован Саркањац кој студирал на Универзитетот во Нотингхем. Саркањац моментно е дел од здружението Свест кои сега пак се дел од кампањата за бојкот на референдумот. Летово ја заврши школата за млади лидери на претседателот Ѓорѓе Иванов.

Од Министерството за образование за Фактор велат дека целосни списоци со сите добитници на стипендии не можеле да изнесуваат во јавност.

Од Владата вчера изјавија дека Јана Димитрова ги исполнила строгите критериуми на конкурсот и дека не смее да биде дискриминирана ако е ќерка на функционер.

„Во случајот со стипендирањето на ќерката на Никола Димитров, не постои никакво отстапување од методологијата спроведена кај сите други кандидати, не постои  ниту нејзино привилигирање, ниту дискриминирање на било кој друг кандидат. Тоа може да се види и од списокот на кандидати и од списокот на лицата кои конкурирале“- велат од владата.

Од Министерството за образование велат дека тоа дали апликантот има родители/ старатели кои извршуваат јавна функција, работат во државната администрација или во приватниот сектор, како и нивниот материјален статус, никогаш не било критериум. Велат дека средствата се префрлаат директно на високообразовната устнова каде студентот е запишан, односно тој воопшто не ги добива на неговата сметка.

Во 2014 година Доарса Туши од Струга добила стипендија за Политехнико Ди Милано и веќе дипломирала. Добитник на стипендија е и политикологот Лура Положани која била на постдипломски европски студии на London school of economics and political science.

Р.Ф.


Слично

Поврзани вести