Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стимулација ќе има за матичните лекари кои ќе стигнат до 70 отсто вакцинирани пациенти

Стимулација ќе има за матичните лекари кои ќе стигнат до 70 отсто вакцинирани пациенти

Стимулација ќе има за матичните лекари кои ќе стигнат до 70 отсто вакцинирани пациенти, соопштија од Владата вечерва по одржана седница. 

30 денари од вакциниран пациент е новата стимулација за матичните лекари кои ќе стигнат до 70 отсто вакцинирани пациенти.

„Во насока на стимулација на интересот за вакцинација за заштита од КОВИД-19 и за спречување на ширењето на пандемијата, Владата денеска донесе одлука за еднократна финансиска награда во висина од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70 отсто со вакцинација на своите пациенти од вкупниот број запишани кај нив“, соопштија од Владата. 

Ова е една од одлуките донесени на 122-та владина седница. 

фото freepik.com

Слично

Поврзани вести