СТИГНУВА ГОЛЕМА ПРАТКА ВАКЦИНИ ОД ФАЈЗЕР: Денеска ќе пристигнат 110.612 вакцини кои нашата земја ги купи преку Ковакс механизмот
Во Македонија денеска ќе стигне голема пратка вакцини од фармацевтската
компанија Фајзер/БиоНТек.Станува збор за 110.612 вакцини кои нашата земја ги купи преку Ковакс
механизмот.
Министерството за здравство информира дека до крајот на годината, преку Ковакс механизмот е најавена испорака на уште 100.000 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“.
-Пристигнатите вакцини, за кои има голем интерес кај населението, а кои се препорачуваат за имунизација и на деца над 12 години, ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум земјата со цел да се обезбеди непречен процес на вакцинација. Освен на вакциналните пунктови, вакцинацијата во нашата земја се одвива и теренски. Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат единствен начин да се победи пандемијата. Само со целосна вакцинација се намалува шансата од заболување, се спречува тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход, посочува Министерството за здравство.
