СТИГНАА ВАКЦИНИТЕ ОД ТУРЦИЈА: Донација од 30.000 дози Синовак
Министерството за здравство информира дека денеска пристигнаа најавените 30.000 вакцини на „Синовак“ кои се донација од Турција.
-Вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата. Благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката и за брзата испорака на ветената количина која е многу значајна за нас, сооптија до Министерството за здравство.
Донацијата следува само неколку дена откако беше ветена од Страна на Турција, односно по посетата на министерот за здравство Венко Филипче кој викендот го придружуваше премиерот Зоран Заев во Истанбул каде имаа работна вечера со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган ни соопшти дека ни донираат 30.000 вакцини од производителот Синовак. Овој гест на солидарност е уште еден показател за искреното пријателство и соработка меѓу двете земји. Голема благодарност до турскиот народ и претседателот Ердоган, напиша пред неколку дена Филипче на фејсбук.
Инаку, Македонија чека од овој производител да пристигнат и најавените 500.000 вакцини.
