Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стигнаа музите и лавовите за античката колонада во Центар

Стигнаа музите и лавовите за античката колонада во Центар
Иако извесно време проектот тапкаше во место, утре 9-те скулптури-музи на уметноста заедно со двата лава ќе бидат поставени на колонадата која како дел од проектот „Скопје 2014“се гради од левата страна на Вардар. Колонадата претставува градба од низа столбови поврзани со греди кој стои слободно или е дел од друг објект. Висината е осум метри и на неа ќе се постават деветте бронзени скулптури на музи: Kалиопе, Талија, Терпсихоре, Kлио, Мелпомена, Ерато, Еуртепе, Уранија и Полихимнија. Висината на музите е 2,5 метри, а на лавовите 2,6 метри. Проектот е изработен од проектантската куќа „Мегарон“, а  беше најавен пред речиси три години. Во меѓувреме беше избран и изведувачот на проектот, фирмата „Бетон“, со која беше склучен договор вреден околу 880.000 евра. Само за скулптурите ќе бидат потрошени околу 400 илјади евра. Античката колонада е наречена „Независна Македонија“.
Слично

Поврзани вести